НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
Тука ќе најдете одговори на најчесто поставуваните прашања за нашите производи, достава и друго. Доколку имате други прашања, слободно контактирајте не на monnel.info@gmail.com.
Како да ги подготвувам Моннел смути производите?
- Додадете го замрзнатото овошје од кесичката во блендерот.
- Додадете 120 -140 мл врела или млака вода.
- Оставете го овошјете со водата во блендерот 15 секунди за малку да се олади водата и да омекне овошјето.
- Блендирајте 30 секунди или малце подолго доколку е потребно, во зависност од јачината на вашиот блендер.
- Додадете го смутито во омилената чаша, напијте се и уживајте во вашето свежо направено смути!
Дали производите на Моннел се вегански?
Секако. Нашите производи се 100% од природни состојки и не содржат никакви производи од животинско потекло.
Дали Моннел производите содржат додатоци или адитиви?
Моннел производите се направени само до 100% природни состојки ( само овошје) кои ви нудат природна свежина без додадени шекери, вештачки состојки или други додатоци.
Кое е оптималното време за достава на Моннел смути производите?
Од 3 до 5 работни денови.
Која е цената за достава?
- Пакет од 15 смути комплети: 60 денари
- Пакет од 12 смути комплети: 90 денари
- Пакет од 9 смути комплети: 120 денари
Во кои реони вршите достава?
Моментално, вршиме достава само на територијата на град Скопје, но напорно работиме на изработка на план за достава на територијата на цела Македонија.